Акустиката на телото ја прави вашата рака “Тач-скрин“
Благодарение на различната структура на деловите на телото кои остваруваат специфичен и единствен „звучен отпечаток“, во иднината ќе можеме да пишуваме СМС пораки на сопствената рака.
Револуционерната технологија создадена од страна на Мајкрософт и Универзитетот Карнеги Мелон, ја користи „акустиката на телото“ и ја претвора кожата во интерактивен екран чувствителен на допир.
Системот е развиен од заедничката работа на две технологии: способноста да се регистрираат ултразвучните фрекфенции, добиени кога со прстот се удира по кожата и пико-проекторите кои веќе можат да се сретнат кај некои мобилни телефони.
Со помош на проектор сместен на специјална лента на раката, системот прикажува типки на тастатура или корисничко мени на нашата подлактица. Во истата лента се наоѓа и акустичен детектор кој ги обработува примените звучни податоци и проценува кој дел од дисплејот сакате да го активирате.
Оваа технологија ќе користи специјална програма која на корисниците ќе им овозможи преку сопствената кожа да управуваат со електронските уреди.
www.newscientist.com
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар