Ученици Македонци и Албанци заедно на часовите по информатика
Додека постарите водат дебати за прашања од меѓунационален карактер, учениците од Основното училиште Браќа Миладиновци од Струга се доволен доказ дека младите Албанци и Македонци знаат да учат и живеат заедно. Триесетина ученици од двете националности секој понеделник и четврток заедно одат на часот по информатика. Професорката Блерта која наставната програма им ја предава и на двата јазици вели дека иако има потешкотии, сепак е задоволство да се види дека децата покрај тоа што го сакаат предметот, се дружат, но се трудат да научат и по некој збор од јазикот на другата страна.
„Навистина имаме малку проблеми затоа што се предава и на македонски и на албански и токму затоа имам проблеми со објаснувањето на речениците и термините и другите работи, но резултати, сепак има“, вели Блерта.
„Учениците велат дека редовно доаѓаат на часот, но и оти ова е добар начин ако не надвор од часовите, барем во училиштето некое време да поминат заедно со своите врсници Македонци или Албанци“, истакна Агни Неџипи, директор на Оу.Брака Миладоновци Струга.
„Мене тука ми се допаѓа навистина многу, затоа што учиме и на двата јазици и на македонски и на албански. Малку е тешко, но убаво е“, вели Кендреса, ученик.
„Во нашата група направивме досега најмалку десетина блогови. Се дружиме со нашите врсници Албанци за време на часовите, но и за време на одморите“, рече Даниела, ученик.
„Тука имам другари многу и задоволен сум од нив. Многу ми се допаѓа учењето, атмосферата и другарите“, вели Дритро, ученик.
„Супер е. Се дружиме со албанската паралелка, заедно правиме проекти. Не претставува проблем што наставата се предава и на албански јазик. Тие не го знаат многу македонскиот јазик и со ова можат да го научат“, ни рече Христијан, ученик.
Проектот го финансира норвешката амбасада во Македонија, а се изведува со помош на невладината организација „Ин и аут“. Целта на проектот е учењето на двата јазици.
Мики Трајковски
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар