Груевски: Нема согласност и гаранции од грчка страна за идентитетот
Македонскиот преговарач за надминување на разликите околу името, амбасадорот Зоран Јолевски, во Њујорк треба да се сретне со посредникот Метју Нимиц. Но, грчкиот преговарач Василакис кој со Нимиц се сретна вчера беше дециден - Атина отстанува на досегашната позицијата - сложено име со географска одредница за севкупна употреба. Ако тоа не се прифати, државава немало да почне преговори со Унијата.
Сериозен проблем во процесот на решавање на името е тоа што Грција одбива да разговара за идентитетските прашања. Ова го изјави денеска премиерот Никола Груевски во пресрет на средбата на македонскиот преговарач Зоран Јолевски со посредникот Метју Нимиц.
“Всушност до ден денеска, независно кој е на власт по прашањето на идентитетот Грција не покажува подготвеност воопшто да разговара и тоа е еден од сериозните проблеми коишто ги имаме иако на домашен план постојано ни се сугерира само тоа ако се обезбеди дека другото не било важно и затоа до ден денеска нема согласнот од страна на Грција и тоа треба да го знаеме да не ни се случи да ни го соопшти некој, па да се изненадиме” рече Груевски.
На вчерашната средба во Њујорк грчкиот преговарач Адамантиос Василакис, пак, како што јави денеска агенцијата АНА- МПА, на Нимиц му пренел дека Грција не отстапува од позицијата сложено име со географска одредница за севкупна употреба.
„Овие позиции јасно ги соопштуваме за да нема изненадувања и недоразбирања. Не е можно отворање на пристапните преговори на ПЈРМ со ЕУ без решение за името“ изјави Василакис.
И додека тој со ова ги демантира гласините дека Грција е подготвена на отстапки, македонскиот министер за надворешни работи Милошоски кој службено престојува во Букурешт, изјави денеска дека Скопје ќе се потруди да го даде својот влог за напредокот, но оти тоа не зависи само од земјава, туку во голем дел од односот на новата Влада во Грција. Принципелен став на Македонија е дека со Грција би требало да се разменува силата на аргументите, а да се напушти аргументот на силата, додава Милошоски.
“Секое ново блокирање или демонстрирање на аргументот на силата не носи подобри услови за разговори за остварување напредок во македонско-грчкиот билатерален спор”
Но и покрај сè, евроамбасадорот Ерван Фуере е оптимист.
“Јас сум уверен дека ќе биде најден комромис. Пораката од сите институции на Европската Унија е да ја охрабри владата тука активно да се вклучи во случувањата во преговорите и заедно со Владата во Грција да најдат заедничко прифатливо решение и јас сум уверен дека ќе се најде компромис“ вели Фуере.
Со слично мислење денеска беше и вицепремерот Абдулаќим Адеми. Во Дебар оцени дека има позитивна клима за решавање на овој проблем, особено по одлуката за визната либерализација и по формирањето на новата влада во Атина.Според него, има зголемена динамика и интензивирање на преговорите и се очекува решение во интерес на двете земји.
Фросина Цветковска
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | 4 | |||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |



-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар