Црква ги скара жителите на Октиси
Жителите муслимани и христијани од струшкото село Октиси се скараа околу изградба на црква. Христијаните велат дека објектот го градат на црковно земјиште, додека муслиманите оти црквата била дивоградба и дека нема да дозволат истата да се гради во делот од селото каде што живее население од муслиманска вероисповест.
Жителите Македонци тврдат дека утрово се случил инцидент кога работниците што ја граделе црквата биле попречени во работата од нивните соселани муслимани.
„Ние имаме одобрение за градба, локациско одобрение потпишано од градоначалникот кое тој самиот не може да го оспори. Само може судот да го оспори. Ние не слеговме долу од безбедносни причини. Биле собрани некои луѓе муслимани. Работниците од фирмата дојдоа кај нас ни кажаа и ние реагиравме во полицијата. Потоа дел од црковниот одбор бевме повикани во полицијата во Велешта“ вели Гоце Главинчески, жител на Октиси.
„Изградена овде беше дивоградба која на основа на старата црква и на основа на една друга црква која се вика Свети Димитрија имаа приложено по три слики и од двете цркви. Во документацијата бараат реставрација, на крај од реставрација бараа изградба на нова црква“ рече Изет Рамаданоски од Октиси.
Кавгата помеѓу жителите ескалираше кога пристигна екипата на Алсат-М.
„Сликајте го, овој објект е нелегално изграден 1974 година. Знаеме дека местото е узурпирано 1997 година, кој градоначалник, кој јавен правобранител ви го препиша тоа е нешто друго, денес овој простор не е на Мпц. Ако луѓето кои се овде докажат дека ова е нивно има институции , со среќа нека работат. Ова не е приватен објект, ова е верски објект“ вели Бакар Шаиноски жител на Октиси.
„Јас сум овде 35 години и таа црква постоеше, а постоеше и пред тоа. И тие знаат дека тука била црквата овде. На што личи ова што го прават, треба да лажеме дека овде немало црква“ рече друга жителка на селото.
Жителите Македонци прашуваат зошто градоначалникот кој им издал одобрение за градба по кратко време ја повлекол одлуката. Градоначалникот Рамиз Мерко за Алсат-М призна дека локалната самоуправа направила грешка во издавањето на дозволата. Рече дека со жителите договориле градбата да се стопира, а меѓувреме уште еднаш да поднесат барање. Октишани велат дека во 500 годишната историја од постоењето на селото ова било прв ваков случај.
Мики Трајковски
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | 4 | |||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |



-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Za dobroto na site, mislam deka treba da se otkazat od ovaa idea, a isto taka smetam deka imaat dovolno crkvi, duri i premnogu.
А ова со црквата во Октиси е повеќе од очигледна провокација и тест за мерење на импулсот на муслиманите...
Испрати коментар