Тачи: Ако не се прифати договорот на ДПА нема да има Македонија и македонски народ
Ако не се прифати новиот договор меѓу Македонците и Албанците кој го подготви ДПА нема да има Македонија и македонски народ. Оваа порака синоќа ја испрати претседателот на опозициската ДПА Мендух Тачи во интервју за Алсат- Тирана. Според него, проблемите меѓу Македонците и Албанците во иднина може да се решаваат и преку конфликт зад кој би стоеле младите незадоволни Албанци, доколку како што вели, продолжела дискриминацијата на Албанците и не се прифател договорот зад кој стои неговата партија. Во него меѓу другото, се бара во народниот дом да има еднаков број пратеници од двете најголеми етнички заедници, а Македонија да биде држава на македонскиот и албанскиот народ. Во спротивно, според Тачи, Македонците би изгубиле многу повеќе отколку Албанците.
„Ако навлеземе во тоа кој ќе изгуби, ќе изгубат и Албанците. Но ќе изгубат 30 проценти од Албанците, а другите ќе изгубат сè. Не го велам ова само тука во Албанија, туку и во Скопје и секаде, па дури и пред меѓународната заедница, дека Македонија нема шанси да постои со ова што се случува, со промената на името и идентитетот, многу малку или воопшто. Ниту еден Македонец нема да прифати да бидат напишани како леви, десни, долни или горни Македонци. Тие се пред голем ризик. Ако ја елиминирате свежата прашина од новата историја, тие би се потпишале како Срби или Бугари“ вели Тачи.
Во контекст на спорот за разликите околу името меѓу Македонија и Грција, лидерот на ДПА смета дека Груевски мора да даде силни гаранции за неколку прашања.
„Компромисот според мене е во тоа што премиерот ќе даде силни гаранции во светските одлучувачки центри дека ќе го смени името, идентитетот, дефинитивно ќе признае дека Македонците се Словени и дека немаат ништо заедничко со антиката и дека Македонија може да продолжи да се гради само како мултиетничка, бидејќи во спротивно тенденцијата да се гради на етничка основа е безнадежна” изјави Тачи.
Тачи во интервјуто вели и дека политиките кои до сега ги применувале политичарите од албанскиот блок, не дале ефект. Меѓу нив се вбројува и самиот себеси.
Фросина Цветковска
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Ocigledno mu pomina rokot na traenje!
Испрати коментар