За говорот на Иванов пофалби само од ВМРО ДПМНЕ
Празен и блед говор без јасна визија за решавањето на клучното прашање за спорот околу името со Грција - така повеќето од политичките партии го оценија говорот на Ѓеорѓе Иванов. Со критички тонови кон говорот на Иванов беа и реакциите на албанскиот коалициски партнер ДУИ. Додека пак лидерот на Нoва Демократија Селмани, обвини дека за време на говорот не бил спомнат Охридскиот договор
„Очекувавме појасна визија, околу решавањето на спорот со Грција и Македонија очекувавме нешто ексклузивно, ние како пратеници и граѓани на Македонија да добиеме појасни визии на тоа како се подготвува надворешната политика од страна на македонскиот Претседател.“ - Сафет Незири, пратеник на ДУИ
„Денеска претседателот Иванов ниту еднаш не го спомна Охридскиот договор, ниту еднаш не ги спомна другите етнички заедници како носители на суверенитетот на оваа држава. За жал, повторно не слушнавме никакво објаснување за можниот компромис со нашиот јужен сосед за решавањето на спорот со името. Слушнавме само патриотски зборови кои сигурно, така како што беа формулирани, не му доликувааат на еден визионер , кој носи одговорност за европската иднината на земјата“-Имер Селмани, пратеник на НД.
И за македонските партии во опозиција, говорот на претседателот Иванов бил празен и партиски.
„Не можевме да видиме ништо како коментар за суштинските проблеми на државата, повеќе слушавме за климатските промени, отколку она што е базичен интерес за РМ како држава“, рече Андреј Петров, СДСМ.
Говорот на Иванов како објективе го оценија само од ВМРО- ДПМНЕ. Од партијата рекоа дека за прв пат по 1994 год годишното обраќање на Претседателот во Собранието го следеа сите партии, заборавајќи дека работата на Собранието се бојкотира од ДПА на Мендух Тачи.
„Тој кажа дека Македонија треба да води и европска и македонска политика, дека водењето на и европска и македонска политика взаемно не се исклучува, туку дека е комплементарна Прекина неславната традиција, опозицијата, обраќањето на шефот на државата да го следи не од собраниската сала, туку од канцеларии, па потоа да коментира.
Што е доказ дека имаме претседател кој обединува, а не разделува“ коментираше Влатко Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ .
Говорите на двајцата претходни претседатели Борис Трајковски и Бранко Црвенковски, беа бојкотирани од СДСМ, а потоа од ВМРО- ДПНЕ. СДСМ еднаш го бојкотираше говорот на Трајковски, но не и владините министри на Црвенковски. Додека говорите на Црвенковски пред Собранието, беа бојкотирани не само од пратениците на ВМРО- ДПМНЕ туку и од министрите од редовите на оваа партија.
Ѓултен Реџалари
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



So golo oko se gleda deka covekot, pretsedatel e izguben vo viorot na VMR-Ovcite.
Испрати коментар