Насловна | Вести | Од земјата | Летерм: Шансите за азил се “нула“

Летерм: Шансите за азил се “нула“

Големина на текст: Decrease font Enlarge font
image

Шансите за азил во Белгија се еднакви на нула. Ова беше кратката порака која белгискиот премиер Ив Летерм доцна вечерва ја упати до сите кои сметаат дека можат да добијат азил во неговата држава. Неговата посетата на Скопје следува по напливот на емигранти од Македонија во Белгија во изминативе три месеци.

“Мојата порака денеска е дека информациите кои се шират во северниот дел од земјата за белгиската имиграциона политика се погрешни. Мојата земја не дава политички азил на економски бегалци и нема поента да се патува од Македонија до Белгија за полтички азил“, истакна Летерм.

Летерм констатира дека бројот азиланти во последниве денови е речиси сведен на нула, а во следните денови Брисел и Скопје тесно ќе соработуваат за ова прашање. Премиерот Груевски го увери дека државава ќе направи сè за да се спречи барањето азил.

“Го информиравме Летерм за конкретните преземени мерки кои според мое мислење почнаа да даваат резултати”, рече Груевски.

Самиот Летерм нагласи дека во Македонија дошол пред сè поради билатералните односи и претстојното претседавање на неговата држава со Евроопската Унија од втората половина на оваа година. Целата агенда на белгиската делегација, во која покрај Летерм е и државниот секретар за имиграција Мелкиор Ватле, беше поместена за доцна вечерва.

Попладнето снегот го оневозможи слетување на скопскиот аеродром. Летерм слета во Солун, а потоа дојде во Скопје. Според планот тој вечерва заминува во Хрватска, а во земјава останува Ватле кој утре ќе посети неколку села во Кумановско-липковскиот регион. Посетата вечерва во Скопје ја следеа и повеќе белгиски новинарски екипи.

Фросина Цветковска

Пријавете се на feed  на коментари Коментари (0 Пратен):

Нема да бидат објавувани коментарите што содржат говор на омраза,навредливи пораки, дисквалификациии по лична, национална, политичка основа и не придонесуваат за развој на дебатата.

Испрати коментар comment

Внесетего кодот од сликата :

  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
  • Plain text Само текст
>>> Од земјата
Previous
image
Груевски:Не калкулираме со преговорите за името
Препораките на Советот за стабилизација и асоцијација и денеска беа тема на дискусија на собраниската седница во која се поставуваа прашања од пратениците. Пратеничката на ...
image
Илир Мета се сретна со лидерите на Ахмети, Тачи и Селмани
Интеграцијата на Македонија во евроатлантските структури и спроведувањето на Охридскиот договор беа темите за кои денеска разговараа на одделни средби, вицепремиерот на Албанија Илир Мета ...
image
Воз згмечи автомобил кај Тетово, 3 момчиња повредени
Денеска околу четири часот наутро воз се судри со автомобил. Повредени се три момчиња на возраст од 20 до 22 години. Несреќата се случи на ...
image
Новиот амбасадор во НАТО очекува корегирање на ставовите од Букурешт
На самитот на НАТО во ноември можно е Алијансата да ги преиспита своите ставови и да се корегираат заклучоците од состанокот во Букурешт кои се ...
image
Хотелите во Охрид празни
Најголем дел од хотелите во Охрид и Струга зјаат празни ова лето. Хотелиерите за Алсат велат дека од септември планираат да отпуштат и дел од ...
image
МНР:Во Грција со полн резервоар
Министерството за надворешни работи на Република Македонија препорачува граѓаните кои планираат да патуваат во Република Грција со патнички возила, да влегуваат во земјата со полн ...
image
Пост-бриселска „рашомонијада“
Различни оцени од партиите на власт и во опозиција за заклучоците од вчерашниот Совет за стабилизација и асоцијација во Брисел. За заостанување во реформите од ...
image
Груевски задоволен од оценките на Брисел
Македонија вчера од Брисел доби многу позитивни мислења и неколку помалку позитивни работи, но преовладуваат позитивните коментари и позитивните оценки за сработеното, така што ние ...
image
Иселениците бараат да прекинат преговорите со Грција
“Никој нема право да преговара за моето име”. Под вакво мото денеска неколку здруженија на македонски иселеници ја започнаа кампањата преку која сакале да извршат ...
image
Скопје:Јавна расправа за „Мал ринг“
Општина Центар денеска го започна јавното претставување на урбанистичкиот план за Малиот ринг, кого Уставниот суд го укина поради прекршена процедура. Дел од граѓаните се ...
image
И во Скопје велосипеди на изнајмување
За само 10 денари од час од денеска секој заинтересиран граѓанин во Скопје ќе може да изнајми велосипед. Тоа ќе може да се стори со ...
image
Павел Шатев:Мнозинството не е за промена на името
Против промена на името со цел влез во ЕУ и НАТО. Така би се изјасниле повеќе од 57 проценти од граѓаните доколку на референдум им ...
image
Средба Милошоски - Мета
Иднината на Западниот Балкан е во големото европско семејство. Идеите за размена на територии и менување на границите му припаѓаат на минатото кое го остави ...
image
Шефот на албанската дипломатија Мета во посета на Македонија
Заменик премиерот и министер за надворешни работи на Република Албанија Илир Мета денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија, на покана од шефот ...
image
ЕУ:Реформи во 6 области и името се услов за преговори за членство
Советот за Стабилизација и Асоцијација ЕУ- Македонија во Брисел расправаше за исполнување на критериумите и напредокот на земјата на патот ЕУ. Белгиското претседателство најпрвин ги ...
Next
Прегледај ја архивата
first first јули, 2010 first first
Не По Вт Ср Че Пе Са
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31