Летерм: Шансите за азил се “нула“
Шансите за азил во Белгија се еднакви на нула. Ова беше кратката порака која белгискиот премиер Ив Летерм доцна вечерва ја упати до сите кои сметаат дека можат да добијат азил во неговата држава. Неговата посетата на Скопје следува по напливот на емигранти од Македонија во Белгија во изминативе три месеци.
“Мојата порака денеска е дека информациите кои се шират во северниот дел од земјата за белгиската имиграциона политика се погрешни. Мојата земја не дава политички азил на економски бегалци и нема поента да се патува од Македонија до Белгија за полтички азил“, истакна Летерм.
Летерм констатира дека бројот азиланти во последниве денови е речиси сведен на нула, а во следните денови Брисел и Скопје тесно ќе соработуваат за ова прашање. Премиерот Груевски го увери дека државава ќе направи сè за да се спречи барањето азил.
“Го информиравме Летерм за конкретните преземени мерки кои според мое мислење почнаа да даваат резултати”, рече Груевски.
Самиот Летерм нагласи дека во Македонија дошол пред сè поради билатералните односи и претстојното претседавање на неговата држава со Евроопската Унија од втората половина на оваа година. Целата агенда на белгиската делегација, во која покрај Летерм е и државниот секретар за имиграција Мелкиор Ватле, беше поместена за доцна вечерва.
Попладнето снегот го оневозможи слетување на скопскиот аеродром. Летерм слета во Солун, а потоа дојде во Скопје. Според планот тој вечерва заминува во Хрватска, а во земјава останува Ватле кој утре ќе посети неколку села во Кумановско-липковскиот регион. Посетата вечерва во Скопје ја следеа и повеќе белгиски новинарски екипи.
Фросина Цветковска
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | 4 | |||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |



-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар