Насловна | Вести | Од земјата | Клинтон: Евроинтеграцијата на Балканот, суштинско за стабилноста

Клинтон: Евроинтеграцијата на Балканот, суштинско за стабилноста

Големина на текст: Decrease font Enlarge font
image

Во очекување на средбата на македонскиот и на грчкиот преговарач со посредникот во спорот за разликите околу името Метју Нимиц која би требало да се одржи во текот на месецов, европските политичари порачуваат дека сега е моментот за решавање на проблемот.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе синоќа во обраќањето пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент рече дека при посетата на Скопје заклучил дека овдешните политичари се фокусирани на прашањето за името.

„Следејќи ги зачестените контакти на двајцата премиери и неодамнешната посета на господинот Нимиц на Скопје и Атина, сега постои прозорец на можности за решение на ова прашање”, рекол Филе.

Доцна синоќа по средбата со премиерот Груевски и неговиот белгиски колега Ив Летерм со слична порака. Премиерот на земјата која ќе претседава со Унијата по Шпанија, односно во последните шест месеци од годинава, рече дека особен важно за овој дел од Европа е Македонија да има успех во евроинтерграциите.

“Мислам дека е важно на масата да бидат ставени нови предлози и се надеваме дека ќе има волја од двете страни да ги проценат овие предлози и да најдат договор за проблемот кој е важен за двете земји, особено за вашата”, истакнал Летерм.

За името деновиве се дискутура и во Вашингтон. Грчкиот премиер Јоргос Папандреу, кој се наоѓа во четиридневна посета на Соединетите Американски Држави пред сè поради економско-финансиската криза во неговата земја, со тамошните политичари меѓу другото разговара и за името. Државната секретарка Хилари Клинтон по вчерашната средба со него, излезе само со општа изјава за разговорите во врска со Балканот.

“Исто така дискутиравме за Балканот каде што Грција има клучна улога во промовирањето на економските можности, стабилноста и демократијата. Завршувањето на задачата за интегрирање на балканските земји во евроатланските институции е суштинско за регионалната стабилност и развојот и ние ја пофаливме  Грција за нејзината водечка улога во придвижувањето на процесот”, рече Клинтон.

Заменикот-министер за надворешни работи на грција, Димитрис Друцас пак, кој  исто така е во Вашингтон, за грчките медиуми денеска изјави дека на средбата со Клинтон не биле изнесени нови идеи за решавање на спорот, но оти грчките позиции веќе биле добро познати. Тоа е едно име со географска одредница за употреба насекаде.

Фросина Цветковска

Пријавете се на feed  на коментари Коментари (0 Пратен):

Нема да бидат објавувани коментарите што содржат говор на омраза,навредливи пораки, дисквалификациии по лична, национална, политичка основа и не придонесуваат за развој на дебатата.

Испрати коментар comment

Внесетего кодот од сликата :

  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
  • Plain text Само текст
>>> Од земјата
Previous
image
Груевски:Не калкулираме со преговорите за името
Препораките на Советот за стабилизација и асоцијација и денеска беа тема на дискусија на собраниската седница во која се поставуваа прашања од пратениците. Пратеничката на ...
image
Илир Мета се сретна со лидерите на Ахмети, Тачи и Селмани
Интеграцијата на Македонија во евроатлантските структури и спроведувањето на Охридскиот договор беа темите за кои денеска разговараа на одделни средби, вицепремиерот на Албанија Илир Мета ...
image
Воз згмечи автомобил кај Тетово, 3 момчиња повредени
Денеска околу четири часот наутро воз се судри со автомобил. Повредени се три момчиња на возраст од 20 до 22 години. Несреќата се случи на ...
image
Новиот амбасадор во НАТО очекува корегирање на ставовите од Букурешт
На самитот на НАТО во ноември можно е Алијансата да ги преиспита своите ставови и да се корегираат заклучоците од состанокот во Букурешт кои се ...
image
Хотелите во Охрид празни
Најголем дел од хотелите во Охрид и Струга зјаат празни ова лето. Хотелиерите за Алсат велат дека од септември планираат да отпуштат и дел од ...
image
МНР:Во Грција со полн резервоар
Министерството за надворешни работи на Република Македонија препорачува граѓаните кои планираат да патуваат во Република Грција со патнички возила, да влегуваат во земјата со полн ...
image
Пост-бриселска „рашомонијада“
Различни оцени од партиите на власт и во опозиција за заклучоците од вчерашниот Совет за стабилизација и асоцијација во Брисел. За заостанување во реформите од ...
image
Груевски задоволен од оценките на Брисел
Македонија вчера од Брисел доби многу позитивни мислења и неколку помалку позитивни работи, но преовладуваат позитивните коментари и позитивните оценки за сработеното, така што ние ...
image
Иселениците бараат да прекинат преговорите со Грција
“Никој нема право да преговара за моето име”. Под вакво мото денеска неколку здруженија на македонски иселеници ја започнаа кампањата преку која сакале да извршат ...
image
Скопје:Јавна расправа за „Мал ринг“
Општина Центар денеска го започна јавното претставување на урбанистичкиот план за Малиот ринг, кого Уставниот суд го укина поради прекршена процедура. Дел од граѓаните се ...
image
И во Скопје велосипеди на изнајмување
За само 10 денари од час од денеска секој заинтересиран граѓанин во Скопје ќе може да изнајми велосипед. Тоа ќе може да се стори со ...
image
Павел Шатев:Мнозинството не е за промена на името
Против промена на името со цел влез во ЕУ и НАТО. Така би се изјасниле повеќе од 57 проценти од граѓаните доколку на референдум им ...
image
Средба Милошоски - Мета
Иднината на Западниот Балкан е во големото европско семејство. Идеите за размена на територии и менување на границите му припаѓаат на минатото кое го остави ...
image
Шефот на албанската дипломатија Мета во посета на Македонија
Заменик премиерот и министер за надворешни работи на Република Албанија Илир Мета денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија, на покана од шефот ...
image
ЕУ:Реформи во 6 области и името се услов за преговори за членство
Советот за Стабилизација и Асоцијација ЕУ- Македонија во Брисел расправаше за исполнување на критериумите и напредокот на земјата на патот ЕУ. Белгиското претседателство најпрвин ги ...
Next
Прегледај ја архивата
first first јули, 2010 first first
Не По Вт Ср Че Пе Са
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31