Ватерле: Нема азил за граѓаните од Македонија
Нема азил за граѓаните од Македонија во Белгија. Жителите од регионот на Куманово и Липково се разочарани. Сите ќе се вратат назад. Ова денеска во Липково го изјави белгискиот државен секретар за миграција, Мелкро Вателе, кој таму беше во кратка посета за одблиску да се запознае со проблемите со кои се соочуваат жителите во општината.
“Во Белгија доаѓаат луѓе од овој регион, но информациите дека ќе добијат пари, куќа и работа во Белгија се погрешни. Не се вистинити. Ние не даваме азил од економски причини. Тоа треба да биде јасно, бидејќи доколку одлучат да дојдат во Белгија, ќе бидат жртви. Треба да се вратат тука и трошоците кои се направени за да дојдат од овде, не им обезбедуваат работа, куќа и пари. Треба да се вратат тука“, истакна Ватерле.
Градоначалникот на општина Липково, Садула Дураку, рече дека главните причини за заминувањето на Албанците од овој регион се социо-економските проблеми.
“Му го претставивме профилот на општината направен на три јазика, албански, англиски и македонски. Во профилот е и руралниот развој од 2009 до 2012 година, предвиден за општината. Известивме дека сите досегашни влади во Македонија не инвестираа во оваа општина и остануваме со надеж дека владата ќе се освести, но и ЕУ и оти ќе ù помогне на оваа општина и на оваа земја“, рече Дураку.
“Тоа што е за поздравување е дека сега општина Липково има спремни проекти кои се речиси за сите населени места во општината. Секако дека ние во соработка со општина Липково ќе можеме да поддржиме неколку од овие проекти врз основа на приоритетите кои ги има општината и ќе делуваме на ист начин“, изјави вицепремиерот Адеми.
Официјално од почетокот на оваа година во Белгија досега барања за азил поднеле вкупно 409 граѓани на Македонија кои се воглавно од Кумановско - липковскиот регион. Инаку, белгиската делегација престојуваше денеска и во Прешевската долина за и таму да ги извести жителите дека немаат шанса да добијат азил во таа земја.
Шкелзен Аќифи
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



nesamo sto treba da im se dade azil nego i sekoj belgijanec treba da im dava po 10 euro sekoj mesec.Kakvi demoktai ste be vie belgijancite
Испрати коментар