Иницијативата на ИВЗ ниту утре на состанок на Советот на општината
Градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ информираше дека дискусијата за иницијативата на ИВЗ, за изградба на Бурмали џамијата во центарот на Скопје, нема да се одржи ниту на утрешниот состанок на Советот на општина Центар. Тодоровиќ додаде дека оваа иницијатива, која трае веќе шест месеци, ќе може да биде ставена на дневен ред веќе на следната седница на Советот.
“Многу брзо ќе ја ставам, бидејќи еднаш се обидов да ја ставам. Информирани сте дека советниците од страната на СДСМ не сакаа да ја прифатат на дневен ред образложувајќи дека не биле подготвени. Јас реков дека ништо повеќе нема да имаат пишаните материјали од едноставна иницијатива која треба да се дискутира“, рече Тодоровиќ.
“Ќе биде ставена можеби на наредната“, додаде тој.
Во последно време се шпекулира дека Бурмали џамијата ќе се изгради на некоја друга локација, а не во центарот на градот, како што бараа ИВЗ и координативниот Совет за изградба на Бурмали џамијата. Ваквите шпекулации градоначалникот не ги потврди ниту пак ги отфрли.
“Не знам тоа, слушнав од медиумите, јас немам коментар за тоа“, рече Тодоровиќ
Додека иницијативата на ИВЗ чека за расправа во Советот на општина Центар, на скопскиот плоштад, за еден месец ќе почне поставувањето на предвидените скулптури кои се дел од проектот Скопје 2014.
Мерал Исмаили
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар