ИВЗ не прифаќа дислоцирање на Бурмали
Гласините дека Бурмали Џамијата може да се гради на локација кај поранешната автобуска станица во Скопје, близу православната црква „Света Богородица“ за Скопското муфтиство и Координативниот одбор за изградба на Бурмали Џамијата се неприфатливи. Од Советот велат дека такво пазарење не е можно, бидејќи единствено место каде може да се изгради џамијата е скопскиот плоштад каде и постоела порано.
„Скопското муфтиство има јасен став. Таму каде што била Бурмали џамијата пред 500 години, таму и треба да биде. Нема преговори или нешто друго што се однесува до ова прашање. Нашиот став е дека Бурмали џамијата треба да биде таму каде што била.“-Скендер Бузаку – портпарол на скопското муфтиство
„Не може да се зборува за промена на локација. Тоа што се бара е Бурмали џамијата да се гради на истото место каде била и тоа во својата автентична форма. Не е прашање за кое некој може да преговара. Така што не треба да има недоразбирања, туку само треба да имаме трпение за ние како генерација да видиме како на Скопје ќе му се врати овој нишан“-Рамадан Рамадани – претставник на координативниот одбор за изградба на Бурмали Џамијата
Со последната промена на деталниот урбанистички план на општина Центар е предвидено да се изгради уште еден верски објект. Властите ниту потврдуваат, ниту негираат за каков верски објект станува збор. За тоа дали ќе се гради Бурмали џамијата или некој друг објект.
Ниту на денешната седница на Советот на општина Центар не се дебатираше за иницијативата на ИВЗ. Градоначалникот Тодоровиќ рече дека за тоа може да се зборува на некоја од следните седници. Во меѓувреме, на скопскиот плоштад за околу еден месец ќе почне поставувањето на првите скулптури од проектот „Скопје 2014“.
Валмир Кучи
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар