Црквата на плоштадот ги затегнала меѓуетничките односи
Разликите околу владината поддршка за изградба на православна црква на плоштадот во Скопје ги зголеми меѓуетничките тензии и покренува прашање за инволивираноста на Владата во верските работи.
Тензиите меѓу Македонците и Албанците продолжуваат да се одразуваат во областите како образованието, вработувањето и политичката партципација. Ова се констатира во заклучокот на извештајот на Стејт Департментот за почитувањето на човековите права во 2009 година.
Вчера доцна попладне државниот секретар Хилари Клинтон ги објави констатациите на Американците за човековите права во 194 земји во светот. Во делот за Македонија се нотира и прекинатиот протест против изградбата на црквата. Наведуваат дека демонстрантите кои протестираа против се судриле со групата која беше за, а недостигот на ефективна заштита од страна на полицијата ја подигнала загриженоста за слободата на здружување.
Затегнати се односите меѓу мнозинството Македонци и малцинството етнички Албанци констатира Стејт департментот посочувајќи меѓу другото и на тезнии во образованието.
“На 16 август се случија насилни судири меѓу група фудбалски навивачи, етнички Македонци и населението етнички Албанци што следеше по фудбалски натпревар во Скопје. Локалната полиција беше критикувана за немање брз одговор на инцидентот, но како и да е МВР почна истрага и приведе осум лица поврзани со инцидентот”, се вели во извештајот.
Во делот за слободата на говорот и медуимите пак, се наведува дека постојат извештаи оти владата и бизнисмените индиректно вршат притисок врз медиумите и оти новинарите практикуваат самоцензура. Се нотира и дека судскиот процес против припадниците на МВР кои во 2007 година го нападнаа снимателот на Алсат-М, заврши со еден ослободен и двајца казнети полицајци.
Судските реформи се одложени, а политичкиот притисок и заплашувањето ја спречува ефикасноста на судството. Затворите се преполни, условите лоши, а меѓу затворските службеници има раширена корупција, констатира извештајот.
Во однос на јужниот сосед Грција, го нотира и македонското малцинство.
“Владата не го признава постоењето на словенски дијалект наречен Македонски од страна на оние кои го говорат во севернозападаниот дел од земјата”, наведува Стејт Департментот забележувајќи го и инцидентот при промоцијата на македонско-грчкиот речник во Атина која беше насилно прекината од членови на ултра-националистичката група Златна Зора.
Фросина Цветковска
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар