Скопското Муфтиство со барање Сули Ан да се врати во сопственост на ИВЗ
Скопското муфтиство од Владата бара да му се врати во владеење објектот Сули Ан во Старата скопска чаршија. Според Муфтиството, тој требало да ù се врати на ИВЗ со процесот на денационализација, а не во него да се дозволи вселување на Факултетот за уметности. Меџит Османи, студент на Факултетот за исламски науки во Македонија, на денешната прес-конференција во Скопје рече дека не е праведно други студенти да учат таму, додека, како што рече, вистинските сопственици да талкаат барајќи простор за студирање.
„Јавно бараме овој објект кој е духовно поврзан со нас, да стане место каде ќе студираме, според исламската традиција и култура. Јавно бараме овој објект да се врати во наша сопственост и да ù ставаме крај на нашата голгота. Секој ден за да студираме одиме десетици километри надвор од Скопје. Кога другите можат, можеме и ние. Овој наш протест нека се сфати како нова епоха за начинот на нашите барања за враќање на национализираните имоти и еднаш засекогаш да ù се каже СТОП на верската дискриминација, почнувајќи од скопскиот плоштад, па сè до Битола, Лажец, Прилеп, Куманово, Струмица и најновата во Радовиш“, вели Меџит Османи – студент на Факултетот за исламски науки.
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар