Милошоски: Македонија е со конструктивен пристап и нема што да крие
На Македонија не ù пречи зголемениот интерес од страна на Европската Унија околу името, одговори денеска шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски. Коментарот се однесува на најавите на еврокомесарот за проширување Штефан Филе дека ќе се сретне со посредникот Метју Нимиц. Милошоски додаде дека Македонија има конструктивен пристап и нема што да крие.
“Ние немаме ништо против. Сметаме дека дополнителното информирање на врвните членови на Европската комисија во однос на овој билатерален спор кој што Грција го злоупотребува во контекст на Европските интеграции на Македонија може да има само корист. Така што мислам дека ваквата една проактивна улога и зголемен интерес нам не ни пречи бидејќи Македонија нема што да крие во овој спор и сметаме дека нашиот конструктивен пристап е она што може да биде посведочено и од посредникот Нимиц“, истакна министерот Милошоски.
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар