НВО “Реалитети“: Полицијата му се заканува на членството
Невладината организација „Реалитети“ го обвинува Министерството за внатрешни работи дека цели шест часа на информативен разговор повикал двајца нејзини активисти заканувајќи им се дека ќе ги отстранат од работните места, ако не ги прекинат активностите во невладината организација. Според претседателот на оваа организација, Валон Бела, активистите во непознати простории шест часа биле испрашувани за работата на организацијата, активностите кои ќе ги преземат, како и нивните патувања внатре и надвор од државата. Се сомневаат дека тоа е последица на актуализирањето на, како што велат, дискриминирачките политики кон Албанците.
„Самиот факт што 5-6 часа те држат во непозната просторија и те испрашуваат за роднините и каде работеле тие, е вид малтретирање и трауматизирање на нашите активисти. Со ова заклучуваме дека нашата земја може да биде секаква освен слободна, праведна, демократска и еднаква за сите. Вакви ниски и класични удари преземаат само владите кои немаат капацитет за државотворност“, рече Бела.
Од МВР велат дека не се запознаени со овој случај и бараат од организацијата „Реалитети“ да го пријават тоа во министерството. Од МВР велат дека ако се констатира оти полицијата ги надминала компетенциите со мерките против активистите на „Реалитети“ за нив ќе следат санкции.
Од невладината организација „Реалитети“ велат дека и покрај ова ќе продолжат со истражување на дискриминирачките политики на институциите кон граѓаните без да се прават разлики.
Мерал Исмаили
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар