Осудена терминологијата на “Сител“
Советот на честа при Здружението на новинарите на Македонија реагираше и го осуди начинот на информирање од страна на телевизијата Сител во вчерашното издание на вестите од 12 часот, во кое се зборуваше за враќањето на азилантите од Белгија. Водителот зборувајќи пред камерите рече “Леси се враќа дома. Азилантите од Македонија и Србија синоќа тргнаа од Белгија“. Газменд Ајдини од ЗНМ смета дека ова е прекршување на етичкиот кодекс на новинарите на Македонија.
“Ова е еден многу лош пример кога се пробува луѓето да се споредат со судбината на животните, како што е конкретниот случај со споредувањето со филмот “Леси се враќа дома“. Ваквиот речник несомнено е говор на омраза. Го осудуваме остро овој чин и како превентива за да не се повтори“, рече Ајдини.
Заменикот главен и одговорен уредник на ТВ Сител, Ивона Талевска, за Алсат-М вели дека станува збор за грешка на еден млад водител и дека телевизијата Сител не сакала никого да споредува со кучиња.
“Се работи за млад презентер на вести кој тукушто ја почнува својата кариера и нема искуство во градење на став или градење на уредувачка политика. Тоа е фраза, значи во ниту еден случај Сител телевизија немаше намера Албанците или Србите или Бошњаците или Македонците кои што сакаат да бидат азиланти во Белгија да ги спореди со кучиња или да ги споредува со животни. Тоа е фраза која што се користи“, објаснува Талевска.
Граѓанското движење “Разбуди се“ смета дека со ова телевизијата Сител ги навредила луѓето од Липково и Куманово кои барале азил и сега од Белгија се враќаат со автобуси во нивните домови.
“Советот за Радиодифузија треба да и ја одземе лиценцата на оваа телевизија бидејќи поттикнува меѓуетничка и меѓуверска омраза и ги затегнува односите меѓу двете најголеми заедници во земјава“, се вели во реакцијата на “Разбуди се“.
Движењето “Разбуди се“ ги повикува албанскиот граѓански сектор, албанската бизнис заедница и сите албански политички партии и функциониери да ја бојкотираат телевизија Сител, доколку не им се извини на граѓаните кои се вратиле од Белгија и на албанскиот народ. Заменикот главен и одговорен уредник на Сител, Талевска, одговори и на реакцијата на “Разбуди се“.
“Сител телевизија може да се извини до сите оние кои што се почувствувале навредени, меѓутоа веројатно единствени навредени се почувствувале од ЗНМ и од невладината “Разбуди се“, бидејќи никој друг до сега не реагирал. Ако тие се легални легитимни застапници само на Албанците во Република Македонија, тогаш можам и да ги разберам зошто реагираат“, рече Талевска.
Таа додаде дека Сител покренала тужба против Здружението на новинарите на Македонија бидејќи според нив навлегувало во уредничката политика на телевизијата и ја напаѓало слободата на изразување. Таа од институциите побара истрага за работата на граѓанското движење “Разбуди се“, кое според Талевска вршело поделба на заедницата во Македонија и азилантите ги претставувало само како Албанци.
Шкелзен Аќифи
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар