Анкета - Меѓуетничките односи и проектот „Скопје 2014“
Проектот „Скопје 2014“ нема поддршка од мнозинството на граѓани на Македонија, а перцепцијата кон новиот лик на Скопје е дека тој е генератор на влошувањето на меѓуетничките односи во земјата. 58 проценти од испитаниците покажале дека тие не го поддржуваат овој проект, додека 39 проценти се изјасниле – „за“. Меѓуетничките односи и проектот "Скопје 2014", беа темите на анкетата што по барање на дневниот весник "Дневник" ја реализираше агенцијата „Рејтинг“.
На прашањето доколку се изгради црква, дали треба да се изгради и Бурмали џамијата одговорот е поделен – 34 отсто ДА и 34 отсто - НЕ. Според етничката структура, за изградба на џамијата се изјасниле 15 отсто од Македонците и 88 проценти Албанци. Да не се изгради џамија на плоштадот во Скопје се произнеле 47 отсто од Македонците и 0 отсто од Албанците.
Запрашани како ги оценуваат меѓуетничките односи во Македонија, во моментот 17 отсто од испитаниците одговориле дека тие се добри, додека 38 отсто ги сметаат за лоши.
На истото прашање според етничката структура, меѓуетничките односи како доби ги оцениле 19 отсто од Македонците и 11 отсто од Албанците. Дека овие односи се влошени, се изјасниле 30 отсто од Македонците и 58 проценти од Албанците.
“Во однос на меѓуетничките односи главниот заклучок ни е дека македонското и албанското население во земјава живеат во два различни света, многу се поделени во мислењата и во ставовите и добивме навистина фрапантни податоци за различната перцепција со која Македонците, како мнозинско население, Албанците како втора најбројна етничка заедница гледаат на актуелните прашања особено поврзани со меѓуетничките односи“, рече Сашо Коланов, уредник на весникот Дневник.
На прашањето дали сметате дека во моментов опасноста е голема за меѓуетнички конфликт, 33 проценти од испитаниците изјавиле дека ризикот е голем, а 60 отсто дека ризикот е мал.
Гледано од етничка перспектива, 28 проценти од Македонците сметаат дека ризикот е голем, исто мислење делат и 47 отсто од Албанците. Дека ризикот е мал се изјасниле 66 отсто од Македонците и 45 проценти од Албанците.
Запрашани колку е прифатлива политиката на Груевски во врска со меѓуетничките односи, 44 проценти од граѓаните одговориле дека е прифатлива, а 48 проценти дека е неприфатлива. Од ова 56 отсто од Македонците ја прифаќаат политиката на Груевски, наспроти само 5 проценти од Албанците. Обратно - не ја поддржуваат 33 отсто на Македонците и 93 отсто од Албанците.
Анкетата е спроведена телефонски на промерок од 1080 испитаници.
Бедри Реџалари
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар