Македонските интелектуалци го бранат проектот “Скопје 2014“
Проектот “Скопје 2014“ е добар бидејќи го отсликува Скопје од 30-те години, со Музејот, Судот, Француското училиште, Француската банка, Стариот театар итн. Со ваков став излезе институтот “Павел Шатев“ кој се смета близок со ВМРО ДПМНЕ. Архитектите проектот за Скопје не го сметаат како завршен акт само од аспект на местото на сместувањето на монументите, туку додаваат дека нема место за други објекти како што е Бурмали џамијата, која не беше вклучена во планот.
“Греота да нема споменика на Александар Македонски, греота, срамота е до сега што не е направен, зошто? Да не им направиме иле на Грците? Тоа е класичен тип на некаква психологија не-свој, на не-своето“, рече архитектот Вангел Божиновски.
Поканетите архитекти, публицисти и професори на дебатата, споредувајќи го проектот “Скопје 2014“ со изградбата на Атина, сметаат дека тој ќе се одразува врз македонската култура.
“Станува, нели, Грција држава, Атина ја селат 5.000 души. Денеска е Атина милионски град за кој сите знаат дека има тежина, континуитет, историја во себе и тоа е супер. Зошто да не направиме така со Скопје кога имаме материјал колку што сакаме, со илјадници години“, рече Сашо Гигов, уметник.
“Дали треба да бидат такви споменици, сега мислам дека е илузорно да се разговара бидејќи кога се распишал конкурсот секој можел да каже дека не се согласува да биде оспоменичен тој и тој бидејќи нам не ни припаѓа“, истакна професорот Бранислав Саркањац.
На дебатата беше кажано дека временскиот рок до 2014 година е реален за завршување на проектот, но тоа сепак ќе зависи најмногу од инвеститорите. Проектот беше поддржан и од 9 невладини организации на источна Македонија.
Ниту една од нив нема врска со архитектурата.
Мерал Исмаили
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | 4 | |||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |



-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар