Утре ќе се договара анкетна комисија
Утре ќе биде познато дали ќе се формира анкетна комисија која ќе треба да го испита инцидентот во Собранието од пред десетина дена. Претседателот на Парламентот, Трајко Вељановски, ќе ги свика координаторите на пратеничките групи на средба, најавија денеска од неговиот кабинет. На неа ќе се разгледуваат две точки: формирањето на анкетната комисија и измените на Деловникот да се донесат со консензус. Засега не се знае ниту кој би раководел со таквата комисија. Во меѓувреме, тензијата меѓу пратениците продолжи и денеска.
“Немојте да не провоцирате и напаѓате. Вашата потреба постојано да покажувате со прст кон друг не води кон дијалог во Собранието и меѓусебно разбирање.”- Маријанчо Николов- СДСМ
“Пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ никого не навреди, ние бевме наречени плачковци. “- Силвана Бонева – ВМРО-ДПМНЕ
Собраниската седница, чија точка на дневен ред беше буџетот, пратениците од владејачкото мнозинство ја започнаа поставувајќи фотографии пред себе на кои се фотографирани пратениците од СДСМ во конфронтација со припадникот од МВР. Ниту од СДСМ не останаа без да возвратат. Извадија фотографија на која се гледаат министрите Ставрески, Јанкуловска и Маневски во фудбалски дресови на Холандија.
Фросина Цветковска
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | 4 | |||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |



-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар