Експлозија на Бит пазар, направена штета на неколку дуќани
Во близина на Полициската станица Бит Пазар, синоќа се случи експлозија при што е направена само материјална штета на неколку дуќани во соседство.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи експлозијата од засега непозната експлозивна направа се случила на ул. „Војдан Чернодрински“ при што се оштетени прозорите од излозите на ДПТУ „Ценетоглу“, сопственост на М.А. (25), ДПТУ „Уве-сух“ сопственост на К.В. (53), „Алуминиум и ПВЦ дуќанџик“ сопственост на И.Б.(52) и врата на една куќа сопственост на С.Б.
На местото на настанот е извршен увид во присуство на истражен судија, заменик јавен обвинител. Земени се примероци за вештачење со цел да се утврдување на експлозивната направа. СВР -Скопје презема мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот
МИА
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар