Авторите во одбрана на Скопје 2014
По протестите против и дебатите околу проектот „Скопје 2014“, денеска пред камерите излегоа и авторите на скулптурите. Критиките за претставената визија за изгледот на главниот град, ги оценија како нестручни, некултивизирани и неосновани. Осумнаесетте автори преку заедничка изјава на која се потпишаа, се спротиставуваат и на, како што велат, секаков обид да се девалвира нивниот труд и компетентност.
„За нас се смешни, но и помалку тажни потребата, мотивот и целта на отстрелот кои деновиве се случуваат. Не разбираме зошто се критикува нешто што е позитивно и нешто што облагородува со својот алтруизам. ...Структурите од кои ги доживуваме овие напади ни создаваат сериозно чувство на сомнеж дека девалвацијата на овој проескт е дневно полтички мотивирана”- Жарко Башевски-автор на Кирил и Методиј
За околу еден месец, како што најавуваат авторите, се очекува да пристигнат спомениците на револуционерите Даме Груев и Гоце Делчев, а по нив и двата лава кои ќе бидат поставени пред мостот Гоце Делчев од страна на Владата.
Денеска за проектот на друга трибина разговараа и старите Скопјани. Но, и меѓу нив мислењата се поделени.
„Она што постојано го сонувавме, да се обноват некои работи, го има. Во таа проекција како да го гледав остварен тој свој сон”- Данило Коцевски-Хроничар на Скопје
„Се надевам дека Скопје навистина ќе биде метропола со она што го видов на телевизија... Ја поддржувам иницијативата, ги поддржувам архитектите во Скопје што навистина се докажаа”-- Петранка Димишкова
Скопјанецот Ангел Иванов пак, смета дека градот треба да биде помодерен. Реагираше на потсетувањата на минатото. Вели дека ако со раскажувањето се стигнало до 17-тиот век, односно до патеписите на Евлија Челебија, тогаш требало да се каже оти на плоштадот треба да се изгради и џамија. Според Љубе Стојковски непотребно е да се трошат пари на вакви работи.
„Овие средства што се трошат во изградба на вакви небулозни споменици мислам дека може да се искористат во корист на граѓаните....Колку родилки починаа од немање соодветен третман?”- Љубе Стојковски
Американскиот амбасадор Филип Рикер пак воздржан за коментар.
„Одлуки за вакви проекти и за користење на вакви средства треба да бидат донесени од Македонците“ рече Рикер
Проектот „Скопје 2014“ предизвика реакции во јавноста. Пред два дена на плоштадот кој веќе делумно е заграден, група граѓани протестираа против оваа идеја.
Фросина Цветковска
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар