Мета и Милошоски разговара и за македонскиот јазик
Одлуката на македонската влада за изучување на македонскиот јазик од страна на албанските првачиња ја критикуваше и вицепремиерот и министер за надворешни работи на Албанија, Илир Мета. На заедничката прес-конференција во Тирана со неговиот македонски колега Антонио Милошовски, изјави дека ваквите одлуки треба да се донесат со согласност и на албанските политички партии и албанската заедница во Македонија. Милошовски пак, одговори дека одлуката е можност Албанците во Македонија изучувајќи го официјалниот јазик да добијат рамноправни шанси за нивната застапеност во мултиетничка Македонија.
„Би рекол дека Македонија е една од земјите со либерален режим на учење на мајчиниот јазик. Во таа насока би кажал дека во нашиот образовен систем учениците се слободни да ги учат сите овие јазици. Во контактите со ОБСЕ предложивме на заедниците да им се овозможи да го учат државниот јазик, односно официјалниот јазик на државата. Тоа ќе биде за доброто на овие граѓани бидејќи ќе го научат јазикот на земјата во која живеат.“,
изјави Милошовски, кој на прес-конференцијата се обрати и на албански јазик.
„Македонија и Албанија се соседни и пријателски земји. Ги делиме истите предизвици и истите аспирации.“
„Важно е овие мошне значајни одлуки да се донесат со консултација и дијалог со албанската заедница. Во конкретниов случај, со разбирање и дијалог и со албанските политички сили и се разбира со разбирање и со ОБСЕ која беше и е ангажирана во ова и во други прашања. Ние на Балканот повеќе треба да ги учиме јазиците на другите бидејќи и Милошовски би можел да го зборува албанскиот јазик подобро имајќи во предвид дека е роден во Тетово“ рече
албанскиот министер за надворешни работи
Мета и Милошовски покажаа ентузијазам за добрите односи меѓу двете земји. Тирана го поддржува што побрзото членство на Скопје во НАТО, а Македонија визната либерализација на Албанија за Европската унија, порачаа двајцата министри.
АЛСАТ Тирана
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | 4 | |||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |



-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар