Опозицијата против „Скопје 2014“
Проектот „Скопје 2014“ да се стави на референдум и за тоа да одлучат самите граѓани, го повторија денеска своето барање од СДСМ. Според оваа опозициска партија оние кои до вчера се колнеле во референдум, денеска се криеле во глувчешка дупка. Исто така, од партијата на Црвенковски најавија дека доколку барањето за референдум не наиде на поддршка кај Груевски, тогаш преку нивната пратеничка група ќе покренат иницијатива за ова прашање да се дебатира во Парламентот.
”Ако не свика референдум по ова клучно прашање за иднината на Скопје, но и за иднината на нашиот идентитет, тогаш веќе никој нема да му верува дека навистина се грижи за мислењето на народот”, рече Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ
Од друга страна, Нова демократија исто така бара прашањето за проектот да се стави на дискусија во Парламентот и одлуката да се донесе со „бадентерово гласање“.
„Најдобриот и најсоодветен момент за Нова демократија ќе биде отворена дебата тука во Собранието на Македонија и таков проект да се донесе со двојно гласање. Сè друго како што е покажано дека е проект на Градот или на општина Центар, сметам дека нè враќа 90 години наназад кога имаше мајоризација против Албанците и другите народи.“- изјави - Имер Селмани, претседател на НД
И НСДП на Петковски е на иста линија со СДСМ и Нова демократија. Од оваа партијата изразуваат загриженост дека проектот на Груевски ќе ги заостри меѓуетничките односи.
Против обвинувањата на опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ со противодговор. Без коментар за референдумот го негираше СДСМ од каде тврдат дека овој проект чини 200 милиони евра. Според владејачката партија, тој ќе чини 80 милиони.
"Проектот чини помалку или 0,5 отсто од буџетот имплементиран во осум буџетски години. Значи 80 милиони евра поделени во осум буџетски години, од кои добар дел се веќе инвестирани. Средствата се инвестирани претежно во згради, изградба на филхармонија, државен архив, Уставен суд на Република Македонија, министерство за надворешни работи, театар, музеј итн" рече Алаксандар Николовски од ВМРО ДПМНЕ
Проектот „Скопје 2014“ предизвика реакции и на дел од невладините организации и аналитичари кои тврдат дека неговата реализација може да влијае врз меѓуетничките односи во земјата.
Бедри Реџалари
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар