Невро-компјутерите, илузија или реалност?
Конструирање на интелигентни машини, кои не само што ќе мислат за себе, туку и активно ќе учат, е визијата на научниците од Институтот за теоретски науки во Грац (ИГИ).
Оваа група истражувачи сакаат да дизајнираат нова генерација невро-компјутери засновани на принципите на пресметувачките механизми и принципот на учење застапени во мозочните клетки. Паралелно со овој проект тие се надеваат дека подобро ќе ги разберат механизмите на функционирање на клетките во мозокот.
Човечкиот мозок се состои од мрежа од неколку милиони нервни клетки меѓусебно поврзани преку независни врски наречени синапси, кои постојано се преструктурираат и формираат поврзувања со различни клетки, во зависност од потребната акција. Високо сложен систем кој ја претставува основата на независното мислење и учење.

“За разлика од денешните компјутери, мозокот не содржи програмски пакет туку секогаш самиот се програмира, во зависност од функцијата која треба да се изврши, а многу од овие механизми сè уште не се сосема објаснети“, вели првиот човек на ИГИ, Волфганг Мас.
Во соработка со невролози и физичари, како и со помош на новите експериментални методи, научниците сакаат да го откријат механизмот на синоптичката активност во организмот, кој ќе ја потпомогне конструкцијата на овие компјутери на иднината.
Тригодишниот проект е финансиран од фондовите на ЕУ наменети за истражувачки и иновативни проекти (ФЕТ).
Подготвил: П.Б.
Извори: www.sciencedaily.com; www.brain-i-nets.eu
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар