Откритие кое ќе ја потврди точноста на Библијата
Израелскиот археолог Еилат Мазар во понеделникот изјави дека античката тврдина, која беше неодамна ископана во Ерусалим, датира од пред 3.000 години, уште од времето на кралот Соломон. Доколку оваа проценка се потврди, тоа ќе биде јасен показател дека Ерусалим бил моќен центар и имал способност да ја изгради оваа голема тврдина уште во 10-от век пред Христос.

Ова откритие веќе предизвикува полемики во археолошките кругови бидејќи се совпаѓа со податоците наведени во Библијата, според кои кралевите Давид и Соломон владееле на тоа подрачје токму во тој период.
Додека некои археолози како што е Еилат Мазар, која работеше на ископувањето, ја поддржуваат оваа верзија на историјата, други сметаат дека владеењето на Давид е само митологија и дека во тој период немало толку моќно државно уредување.

„Ова покажува дека во тоа време во Ерусалим постоел режим способен да направи импресивна и масивна тврдина“, тврди Мазар.
Монументалната тврдина со антички изглед, долга 70, а висока 6 метри, изградена е во близина на стариот дел од Ерусалим. Според Стариот завет, на ова место Соломон го изградил првиот еврејски храм, кој бил уништен од Вавилонците, а реновиран од страна на Кралот Херод во почетокот на првиот век од Новата ера. Но, и неговата судбина била кобна бидејќи повторно бил разурнат, овој пат од Римските легионери во 70-та година н.е.
Археолозите и порано ја истражуваа античката тврдина, меѓутоа Мазар смета дека нејзиното ископување е потемелно од останатите и дека дава докази за годините, на основа на различните глинени предмети кои се пронајдени на локалитетот.
Подготвил: П.Б.
Извори: The Associated Press, www.examiner.com
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар