За нас
Телевизија Алсат-М е национална телевизија која зрачи програма на целата територија на Република Македонија. Алсат-М е телевизија што во својата програмска шема ги следи најновите европски и светски концепти. Програмата е динамична, со вести на албански и македонски јазик, со голем број емисии како и со екслузивно право да ги пренесува фудбалските натпревари во германската Бундес Лига.
Двојазичниот карактер на ТВ Алсат-М прави програмите на оваа телевизија да бидат уникатни не само во Македонија туку и во Европа, па и пошироко.
Според резултатите на анкетата што Институтот за Демократија ја спроведе врз 1100 испитаници од сите националности, Албанците во Македонија оваа телевизија ја оценуваат исклучително позитивно. Дури 86% од нив изјавија дека им веруваат на информациите објавени од страна на Алсат-М.
Според последното истражување на пазарот спроведено од страна на СММРИ (Strategic Marketing and Media Research) досегот на Алсат-М кај албанската популација во Македонија е 40,5%, додека рејтингот на телевизијата е 8.84%.
40 емисии на Алсат-М се меѓу 100-те најпопуларни емисии кај албанската популација, според што таа е најгледана телевизија.
Прегледај ја архивата
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | 31 |











