ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

14-месечно бебе почина на Детската клиника во Скопје

14-месечно бебе почина на Детската клиника во Скопје

Утрово на Детската клиника во Скопје почина 14 месечно бебе. Членовите на семејството се револтирани поради недоволната грижа, потенцирајќи дека иако бебето било во сериозна здравствена состојба, неколку пати било одбивано за хоспитализација. Тие стравуваат дека досието од Детската клиника е избришано како би се сокриле доказите.

Advertisements

„Брат ми го носеше два пати во државната болница, го вратија, му напишаа некои лекови, но не му беше подобро. Го однесе во болницата „Козле“, таму го задржаа. Оттаму, во два часот по полноќ, го испратија на Ургентниот центар, бидејќи здравствената состојба му беше влошена и во рок од половина час бебето почина. Нашите претпоставки се дека целото досие во болница е избришано. Матичниот лекар преку својот систем виде каде и како детето било лекувано, посочувајќи им на родителите дека последните два дена неговата здравствена состојба била подобрена”, рече Нусрет Сулиси, роднина.

Директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди, потврдил дека бебето починало рано утринава, додавајќи дека се работи на утврдување на причините за смрт.

„Во раните утрински часови 14 месечното бебе беше хоспитализирано од Клиниката „Козле“ со тешка респираторна инфекција, засегнати витални функции и во тешка општа здравствена состојба по што ситуацијата набрзо се влошила и бебето починало’’, изјави Реџеп Мемеди, директор на Клиниката.

Мемеди рече дека телото на бебето е испратено на обдукција, по што ќе се утврдат причините за смртта. Директорот на Државниот санитарен здравствен инспекторат изјави дека ќе спроведе вонредна контрола во здравствените установи каде што претходно било третирано починатото бебе, за да се утврди вистината за можните пропусти во лекувањето.
Од Министерството за здравство соопштија дека заради утврдување на вистината за евентуални пропусти во лекувањето, надзорот ќе се врши во присуство на лица задолжени за здравствените установи, како и лекари кои учествувале во досегашното обезбедување на здравствена заштита. Во овој случај, Министерството за здравство ќе иницира комисија за стручен надзор во двете здравствени установи. /Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button