ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

152 сообраќајни прекршоци во Скопје: 50 за пребрзо возење

152 сообраќајни прекршоци во Скопје: 50 за пребрзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, пет за минување на затворен сигнал – црвено светло.

Изречени се и 19 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, четири мерки за користење на мобилен телефон, 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button