ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во оружена престрелка во Љубош, две лица се повредени

Престрелка во селото Љубош во близина на Батиници. Во престрелката со огнено оружје, учествувале четири лица, потврдија од полицијата. Двајца ранети се префрлени во Градската болница во центарот на Скопје. Едниот е повреден во стомакот и е опериран. Другиот со повреди кај вилицата е во стабилна состојба. Тој е префрлен на пластична хирургија.

https://www.youtube.com/watch?v=YZGe6JDEUuM&feature=youtu.be

Со ова возило марка Фолксваген Голф 6 беше донесен еден повредените во престрелката. Тоа покрај што е демолирано со скрешени стакла, во него е пронајдено и пиштолот со кој според полицијата најверојатно се пукало во Љубош.

Полицијата соопшти дека ги привела другите двајца кои учествувале во престрелката. На сите им се запленети возила и оружјата.

„Денеска во 13.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во с.Љубош бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу К.Н. и К.Х., од една страна и Н.Р. и М.Р., од друга, при што било употребено и огнено оружје. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.“

Влезот на болницата беше блокиран, а во текот на денот и сообраќајот околу поранешната градска болница.

Igor Stefanovski

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button