17 жртви на работното место минатата година
17 жртви на работното место минатата година

Бројот на жртви и повреди на работното место се зголемува од година во година. Во 2024 година, низ целата земја се регистрирани 17 фатални несреќи, што претстабува зголемување на бројот во споредба со 2023 година, каде што се регистрирани 15 жртви. Според Здружението за безбедност и здравје при работа, во 2024 година биле повредени 116 работници, додека во 2023 година овој број изнесувал 98. Жртвите се сите мажи, а најголемиот број од нив се на возраст меѓу 34 и 40 години. Со најголем број жртви води градот Скопје, каде што 5 лица ги загубиле животите на своите работни места.
Славица Јанкова од ова здружение вели дека недостасува унифициран систем на докази, а потребни се и подзаконски акти за да се преземат мерки за спречување на вакви случаи во иднина. Првиот човек на општина Аеродром изјави дека во последните години немало сериозни повреди на работници во оваа општина, додека се преземаат потребните мерки за обезбедување целосна заштитна опрема за над 100 сезонски работници.
На Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, на територијата на општина Аеродром беа засадени 17 садници во чест на жртвите кои ги загубија животите на своите работни места минатата година./Алсат.мк
Ајнур Бафќари