ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

213 санкционирани возачи во Скопје, 34 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 213 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, 17 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, осум за возење под дејство на алкохол, 15 за користење мобилен телефон, осум за некористење сигурносен појас, 77 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button