Денот кој го промени светот и Америка: Годишнината од терористичкиот напад во кој загинаа илјадници луѓе.
Речиси 3.000 луѓе ги загубија животите во терористичките напади што се случија во тоа време, најпоразителните досега познати во историјата, организирани од екстремната исламистичка група Ал Каеда, на Осама бин Ладен.
На тој ден, вторник, 11 септември 2001 година, два патнички авиони, со разлика од 16 минути, удрија во кулите „близначки“ на Светскиот трговски центар во Њујорк, еден од симболите на светската метропола.
Претходно истото утро, членовите на Ал Каеда киднапираа четири патнички авиони, комерцијални авиони, кои потоа ги насочија кон важни објекти, со идеја да ги извршат најразорните напади врз водечките симболи на САД.
Првиот удар на авион во една од кулите се случи во 8:46 часот, во Северната кула на комплексот на Светскиот трговски центар. Тоа беше летот 11 на Американ Ерлајнс. Вториот удар се случи шеснаесет или седумнаесет минути подоцна, во 9:03 часот, во Јужната кула на Трговскиот центар. Тоа беше летот 175 на Американ Ерлајнс.
Двете кули на Светскиот трговски центар, кои имаа по 110 ката, се урнаа за час и четириесет минути. Уништени или оштетени беа и околните згради.
Набргу по нападот во Њујорк, имаше напад и во Вашингтон. Нападната е зградата на Пентагон и во неа се урна трет авион. Авионот на Американ Ерлајнс, лет бр. 77 во 09.37 часот.
Само четвртиот авион терористите не успаеја да го искористат за разорен напад. Четвртиот киднапиран авион се урна во Пенсилванија во 10:03 часот во полето на градот Стони Крик, недалеку од Шанксвил.