ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

25 независни кандидати за градоначалници ќе учествуваат на локалните избори

Истече рокот за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници и за независни листи за општински совети. ДИК известува дека 25 лица ги доставиле потребните потписи за независен кандидат за градоначалник, додека 12 други не ја постигнале својата цел. Што се однесува до општинските совети, потписи обезбедиле вкупно 57 независни листи, додека 13 други не успеале во тоа. Денеска кандидатурата за град Скопје ја претстави Адвокатот, Александар Тортевски од партијата „Твоја“. Во меѓувреме, владејачките и опозициските партии започнаа со остри меѓусебни обвинувања во однос на коалициите. Артан Груби од ДУИ ја нарече коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и АА-ААА како 27-ма коалиција поради 27 април, но и дека оваа коалиција е објавена на 27-ми.

„Се надевам дека гласачите на Алијансата со ентузијазам ќе гласаат за Никола Груевски, односно за Христијан Мицковски, исто така и гласачите на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат со полн ентузијазам, со сето срце за Зиадин Села во оние општини каде што тие ќе се натпреваруваат. Очекувам да го објават тој договор и да ги видам реакциите на нивните гласачи“.

Како одговор од Алијансата за Албанците, бараат Артан Груби да одговори на некои прашања во врска со 27 април.

Со кого и зошто Артан Груби се прегрна ноќта на 27 април во време кога животот на Албанец беше во опасност. Второ, зошто Артан Груби и неговата коалиција ги амнестираа повеќето луѓе што ги организираа настаните од 27 април,  со нив и Никола Груевски, на кого му овозможија да избега во Унгарија. Третото прашање на кое треба да одговори Артан Груби е кој бил функционерот на ДУИ кој го известил Никола Груевски дека на 27 април ќе биде избран претседателот на Собранието.

Реплицираа и од  ВМРО-ДПМНЕ. Потпретседателот Александар Николовски вели дека нивната коалиција со АА-ААА ги заплашила владејачките партии. Тој ја обвинува владата дека е вмешана во криминал.

А актуелниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, кој повторно се кандидира за главниот град, вели дека ВМРО-ДПМНЕ обвинува откако потфрлила со децении и немала визија.

Првиот круг од локалните избори ќе се одржи на 17 октомври. Партиите имаат рок до 11 септември да ги достават своите кандидатури во ДИК.

Mefail ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button