ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

25 нови случаи на голема кашлица за една недела, тројца од нив хоспитализирани

25 нови случаи на голема кашлица за една недела, тројца од нив хоспитализирани

Во периодот од 26 јули до 1 август 2024 година пријавени се 25 нови случаи на голема кашлица, идентично со претходниот седмодневен период (n=25), извести Институтот за јавно здравје.

Во однос на географската дистрибуција, повеќето од случаите се пријавени во епидемијата во Скопје (n=13; 52,0%), а пријавени се и 10 случаи од Куманово и по еден случај од Битола и Тетово.

Географска дистрибуција на случаи на голема кашлица во РСМ, 26.7-1.8.2024

Возраста на заболените се движи од 2 месеца до 50 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 0 до 4 години (n=10; 40,0 %).

Во однос на вакциналниот статус на заболените, 17 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 5 се комплетно вакцинирани и три се вакцинирани во согласност со возраста.

Од новите случаи, 3 (12,0 %) се хоспитализирани.

Заклучно со 1.8.2024 во РСМ се регистрирани вкупно 981 случај на голема кашлица, со инциденца од 53,4/100 000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период (2019-2023 година) кога се регистрирани вкупно 10 случаи, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button