ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

30 години од прогласувањето на  независна и суверена држава

30 години од прогласувањето на  независна и суверена држава … На 8 септември 1991 година, 71,85% од избирачите со право на глас учествуваа на референдумот, а 95% од нив одговорија „да“ на прашањето „Дали сте за независна Македонија со право  да влезе во унија со суверени држави на Југославија? Политичките партии на Албанците го бојкотираа референдумот. Стојан Андов беше избран за прв претседател на Собранието на Суверена Република Македонија. Во одбележувањето на 30 годишнината, Андов, сега 85 годишен, доби одликување од претседателот Стево Пендаровски.

Стојан Андов, прв претседател на Собранието на Република Македонија 21:35 – 22:00

Со наградата „8 Септември“ беа одликувани и пратениците од првиот парламентарен состав.

Никола Стојановски, претседавач на конститутивната седница на Собранието

Киро Глигоров беше избран за претседател на земјата во вториот обид во собранието, иако на неговиот избор жестоко се спротивставија ВМРО ДПМНЕ и албанските партии ПДП (Партија за демократски просперитет) и НДП (Народна демократска партија). На 3 октомври 1995 година, Глигоров беше цел на напад со автомобил -бомба во Скопје. Додека патуваше од  неговата резиденција до  канцеларијата, возилото со Глигоров беше разнесено од експлозија од паркирано возило, при што загина неговиот возач, а неколкумина минувачи беа повредени. Глигоров беше тешко повреден .

Десет години по независноста, земјата ќе се соочи со вооружениот конфликт во 2001 година. Судирот меѓу полицијата и припадниците на ОНА траеше речиси 10 месеци и заврши со предавање на оружјето на ОНА по Охридскиот рамковен договор. Договорот беше високо оценет од потписниците и меѓународните претставници.

Меѓу неговите потписници беше тогашниот претседател Борис Трајковски. Трајковски загина на 26 февруари 2004 година во авионска несреќа на пат кон економска конференција во Мостар, Босна и Херцеговина. Авионот се урна поради густа магла и пороен дожд.

Уставниот поредок беше загрозен и неколку години подоцна, на 27 април 2017 година, со насилен влез во Собранието на демонстранти кои ги загрозија животите на пратениците и новоизбраниот претседател по промената на власта. На случувањата на 27 април  претходеше долготрајна политичка криза, и објавување на прислушувани разговори со што  се собори претходната влада на поранешниот премиер Никола Груевски  а се  формираше и Специјално јавно обвинителство за истрага на корупцијата на високите функционери.

Заложбата на Македонија за евроатлантска интеграција датира од 1993 година, кога Собранието ја усвои Резолуцијата со која се утврдуваат приоритетите за надворешната политика на земјата, а тоа се членството во НАТО и ЕУ. Во истата година, Македонија стана членка на Обединетите нации, но поради спорот за името со Република Грција, таа беше примена под привремената референца  Поранешната Југословенска Република Македонија. Земјата од пред една година е 30 -та членка на НАТО. Од декември 2005 година, исто така е кандидат за членство во Европската унија.

Претседателот Стево Пендаровски очекува политичките сили во земјава да се обединат околу заедничките цели во корист на граѓаните, како што беа пред три децении.

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button