ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

345 санкции за брзо возење

345 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (14.06.2022), Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 345 возачи.

Од нив три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 152 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 193 надвор од населено место. За време на акциската контрола констатирани и законски санкционирани биле и 122 други видови прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button