ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

35 мигранти се повредени во синоќешната сообраќајка, еден потешко

35 мигранти се повредени во синоќешната сообраќајка, еден потешко

Еден од мигрантите е со потешки повреди, а другите, како што изјави портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова, имаат полесни телесни повреди. По несреќата, повредените биле пренесени во болницата во Гевгелија и Струмица, а по укажаната помош еден од нив е задржан на лекување во Гевгелија, а еден е испратен на понатамашно лекување во Клиничкиот центар во Скопје
Бројот на повредени мигранти во синоќешната сообраќајка на магистралниот пат Гевгелија-Демир Капија на клучката кај село Марвинци се искачи на 35, од вкупно 49 лица.

Еден од мигрантите е со потешки повреди, а другите, како што изјави портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова, имаат полесни телесни повреди.

„Според кажувањата на мигрантите сите се од Сирија, бидејќи некои имале патни исправи, а некои немале. Синоќа во 18:10 е пријавено дека товарно возило излетало од патот на клучка од село Марвинци кон М1, регионален пат Гевгелија–Демир Капија. Возачот побегнал, а на местото на излетувањето на камионот се пронајдени мигрантите“, изјави Трајанова.

По несреќата, повредените биле пренесени во болницата во Гевгелија и Струмица, а по укажаната помош еден од нив е задржан на лекување во Гевгелија, а еден е испратен на понатамашно лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

„Мигрантите беа донесени со возила на итната медицинска помош од Валандово, Кавадарци, Неготино и Гевгелија. Вкупно беа згрижени 24 лица со различен тип и тежина на повреди. По направените прегледи констатирано е дека 22 лица се со полесни повреди и по санирањето лицата се испратени во Прифатниот центар ‘Винојуг’. Две лица со потешки повреди се испратени во Скопје. Едното од нив е задржано, а другиот е вратен на хируршкото оделение во нашата болница. Според информациите од колегите тој е во добра здравствена состојба и ќе биде префрлен во Прифатниот центар“,изјави д-р Митко Крџев, директор на болницата во Гевгелија.

Во струмичката болница синоќа биле примени 11 од повредените мигранти, каде што по укажаната помош се пратени во Прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

По насоки на јавен обвинител, увид на лице место извршија увидни екипи на МВР, а се постапува за утврдување на причините за несреќата и другите околности на настанот, изјавија денеска за МИА од Јавното обвинителство. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Велес, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Валандово.

Сообраќајната несреќа во која се повредени мигрантите се случи вчера кога во 18:10 било пријавено дека товарно возило излетало од патот на клучката од селото Марвинци кон М1, регионалниот пат Гевгелија – Демир Капија./360 stepeni

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button