ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

35 – те административци кои беа систематизирани во Пазарниот инспекторат сè уште не започнале со работа

Пазарниот инспекторат сè уште ги нема завршено формалностите за вработување и активирање на административците кои Владата одлучи да ги распредели во оваа институција. По многуте обиди да добиеме одговор од директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски, тој не беше достапен да ни објасни зошто не ги вработил овие луѓе. Од друга страна, министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, изјавува дека тие се во контакт со директорот Пауновски и очекуваат брзо решение. Но, без да се наведе кога се очекува решението.

„Директорот таму предвидува дека со ангажирање на вработени врз основа на програмата К5 да го направи и нивниот напредок. Има дел во кој се разгледува и предвидува вклученоста во администрацијата или дистрибуцијата во одредени градови. Но, уште еднаш потенцирам дека по прашањето на Пазарниот инспекторат, ние сме во секојдневна комуникација и сè уште немаме дефинитивен одговор што ќе се случи со одреден број што се вклучени.“

Пред извесно време, директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски, изјави дека 35 – те вработени во администрацијата преку Охридскиот договор, не можат да бидат ангажирани во институцијата што тој ја води, бидејќи тие не се адекватен персонал. Пауновски изјави дека на неговиот инспекторат не му требаат административци, туку инспектори во источниот, а не во западниот дел на државата.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button