ЗДРАВСТВОСВЕТ

Италија одобри терапија против Ковид со антитела

Италија ја одобри привремената употреба на терапија со антитела, дело на британската компанија „Глаксо Смит Клајн“ и американската „Вир Бајотехнолоџи“, соопшти денеска Министерството за здравство во Рим.

Терапијата наречена „Сотровимаб“ ќе може да се дава до 31 јануари 2022 година, а како што е наведено, од истиот датум ќе се користат уште некои третмани, објави Ројтерс.

Целта на третманот со антитела е да се намали силата на вирусот кај пациентите со ковид.

Кон крајот на мај, регулаторното тело за здравство на ЕУ ја поддржа употребата на Сотровимаб за пациенти со ризик од развој на потежок вид.

Членките на ЕУ треба сами да одлучат дали ќе го користат Сотровимаб, пишува Ројтерс.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button