ВЕСТИСВЕТ

На плажа во Велс откриени фосилизирани отпечатоци од стапало на диносаурус

Стапалките пронајдени на плажа во Јужен Велс во Велика Британија веројатно ги втиснал ран предок на диносауруси пред повеќе од 200 милиони години, сметаат експертите од Природонаучниот музеј во Лондон.

Палеонтолозите од таа институција проценуваат дека се работи за траги кои најверојатно ги оставил или раниот сауропод или просауропод, кој му претходел.

Стапките беа откриени од аматерскиот палеонтолог Кери Рис, на плажа во Пенарт во округот Вале на Гламорган во 2020 година, објави Природонаучниот музеј.

На почетокот скептични, д-р Сузана Меидмент и професорот Пол Барет спроведоа истражување и веруваат дека денес пронашле траги од братучеди диносауруси од раниот тријас, првиот период на мезозоик.

Др. Меидмент објасни дека често добиваат извештаи за откривање на траги од изумрени суштества, но овие траги лесно се мешаат со геолошки формации. Во овој случај, тие имале среќа и откриле дека навистина се работи за траги од животинско потекло, па дури и со голема веројатност утврдиле за кој вид станува збор.

Се верува дека трагите ги оставил некој еосауроп, а не станува збор за диносаурус, туку за вид на трага што ја оставил многу ран сауропод или негов близок роднина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button