СПОРТФУДБАЛ

Македонија У17, пријателски средби со Малта  

Репрезентацијата на Македонија од генерацијата играчи родени во 2005 година ќе одигра два пријателски натпревари во Скопје.

Избраниците на Тони Јакимовски ќе се соберат в недела и ќе одработат два тренинзи пред двата дуели закажани со селекцијата на Малта. Првата средба е закажана за 15 февруари (вторник), додека втората два дена подоцна (17 февруари, четврток).

Македонија У17 оваа година нема квалификациски задолженија за големите собири, па селекторот Јакимовски ќе ги собира младите момчиња за да се темпира формата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button