ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„8 Март“, Ден за прослава или за кревање на гласот за повеќе права

Иако „8 март“ се роди по бројни протести за родова еднаквост кога жените не уживаа основни права, како што се правото на глас, правото на наследство, во последниве години, овој датум во многу држави се одбележува со славење. Жените што ги анкетиравме сметаат дека треба уште да се работи за да уживаат повеќе права во нашата земја.

„Треба да побараме повеќе права, да не славиме. Го претворивме во пазарен празник, ако зборуваме искрено. Во секоја сфера доминираат мажите. Во медицината, на пример, можеби доминираат жените, таму каде има повеќе работа”…

„Дали мислите дека жените во Македонија на 8 март треба да слават, или да се организираат за да бараат повеќе права? -Ова второто би рекла. Образованието мислам дека е од суштинско значење за родовата еднаквост. Избрав книга како подарок за мајка ми. Секако се прават напори..”…

„Ми го подарија најубавиот цвет. Доволно е да славиме. Мислам дека и жените се доволно застапени во сферите на животот, во политиката и во бизнисот. Ова е мое мислење”…, рекоа анкетираните припаднички на понежниот пол.

Додека жените велат дека „8 март“ треба да се искористи како датум кога треба да се бараат повеќе права отколку да се слави, да видиме што велат мажите. Дали можат да замислат дека во иднина нашата земја ќе ја води Премиер жена, а не Премиер маж.

– Дали мислите дека во иднина треба да имаме премиер жена?

„Несомнено, ако ме прашаа веднаш, ќе речев една жена треба да стане премиер. Жените разбираат повеќе од мажите. Ќе имаше повеќе љубов, повеќе разбирање. Мислам дека тие уживаат права, но не доволно. Треба да имаат повеќе“…

„Ако е способна, зошто да не. Таа има можност да биде подобра менаџерка од мажите“…

„Мислам дека имаат. На хартија тие веројатно имаат повеќе, сега можеби во пракса не е баш така“..

„Таа не може да биде подобар водач од мажите. Но, ако има успех, а мажите не успеале, тогаш заслужува“…

„Да, зошто да не. Се согласувам. Откако ќе биде назначена, можеме да направиме споредби”, рекоа мажите.

Пример за држава што довери една од најважните раководни позиции на жена е Косово, каде Вјоса Османи е вршител на должност претседател. Единствена држава во светот каде и премиерката и претседателката се жени е Естонија. Други земји кои управувањето со државата им го доверија на жените се Нов Зеланд, Норвешка, Намибија, Непал, Ирска, Грузија, Словачка, Данска, Финска, Грција. Студија спроведена пред неколку години од невладина организација во САД, покажува дека жените покажале повеќе способности како лидерки. Процентите одат во нивна корист во однос на креативноста, интелигенцијата, искреноста, амбициозноста.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button