КОШАРКАСПОРТ

Лилард од Портланд, победник во натпреварот за 3 поени

Во рамките на НБА Ол-стар викендот што се одржува викендов во Солт Лејк Сити, во натпреварот во 3 поени победник е Демијан Лилард од Портланд.

Во првата рунда Лилард постигна 26 поени, во финалето го повтори овој резултат и го надмина играчот на Индијана, Тајрис Халибартон (17 поени). Лилард за прв пат во кариерата се истакнува во конкуренција на „снајперисти“.

Во натпреварувањето учествуваа и Џејсон Тејтум (Бостон), Кевин Хертер (Сакраменто), Тајлер Хиро (Мајами), Бади Хелд (Индијана), Џулиус Рендл (Њујорк) и Лаури Марканен (Јута).

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button