ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

АА-Алтернатива и ДУИ против ставовите на Мицкоски за попишувањето на дијаспората

Албанските политички партии го обвинуваат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека спроведува дневна политика со пописот на дијаспората. Пратеникот од коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива, Елми Азири вели дека законот е јасен и оти во него стои дека и дијаспората се попишува.

„За жал, сите наши дилеми излегуваат на површина дека изјавите по состанокот на Мицкоски и Заев се во функција на можни интервенции во методологијата и во законот. Несреќа е што Али Ахмети со ДУИ исто така стануваат дел од тоа. За нас како опозициска коалиција, секоја интервенција, без оглед дали е во методологија или во законот е неприфатлива.“

Во ДУИ велат дека во методологијата и во Законот за попис воопшто не се спомнува зборот „евидентирање“.

„Законот е јасен, методологијата е јасна. Во него се вели дека вкупниот број на попишани лица го вклучува бројот на попишани жители и бројот на нерезиденти. Тоа е вкупниот број, вкупниот број на попишани лица е експлицитна одредба, тоа е експресивна одредба во методологијата. Значи нема дилеми.“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера го повтори ставот дека дијаспората се евидентира. Рече дека нема да прифати граѓаните на С. Македонија кои живеат во странство повеќе од една година да бидат еднакво попишани како и граѓаните кои живеат во земјава. Директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, исто така, ги отфрли тврдењата на Мицкоски за дијаспората, нарекувајќи го чекор кој ВМРО го правел за политички поени. Методологијата за пописот на населението вели дека пописот ќе биде поделен во три категории, имено за жители-резиденти, нерезиденти и вкупно попишано население, што ќе биде категорија која ќе ги вклучува на едно место сите попишани граѓани, без разлика дали се резиденти или живеат во дијаспората.

Mefail ISmaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button