ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

АА: ДУИ ќе враќа 128.000 евра кредит годишно за зградата во Тетово

Алијанса за Албанците ја обвини ДУИ дека сомнително ја купиле поранешната зграда на Телеком на плоштадот во Тетово. Од Алијанса велат дека набавката ја извршила приватна фирма блиска до ДУИ, корисник на многу тендери од министерствата на чие чело се министри од оваа партија. За објектот, велат од Алијанса, биле исплатени над 900.000 евра, наводно преку кредит за период од седум години. Албанската опозиција бара од ДУИ да објасни со кои пари ќе го враќа овој заем и со случајот да се занимава обвинителството.

„Прашуваме врз која основа ДУИ го користела овој објект во минатото? Фирмата која првично беше сопственик на овој објект е позната како една од најпрофитабилните компании која добила многу тендери од институции раководени од функционери на ДУИ. Од оваа партија соопштија дека за купување на овој објект, добиле кредит од 900.000 евра што ќе го враќаат седум години, што значи дека ДУИ ќе враќа 128.000 евра годишно, без да се пресмета каматата. Од каде ќе ѝ бидат овие пари на ДУИ? Исто така, сакаме да ја информираме јавноста дека остатокот од овој гигантски објект е во сопственост на Македонска пошта и на компанијата Телеком, која влезе во Македонија како инвестиција на компанијата Маѓар Телеком, каква случајност,“ рече Аднан Незири, од Алијанса за Албанците.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button