ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

АА: „Ништо од ветувањата за повторување на судењето за Дива населба“

Првиот човек на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, оценува дека наместо да се открие вистината за случувањата во кумановската Дива населба, секој ден сè повеќе се кршат правата на затворениците. Според него, режимот ДУИ-СДСМ не го остварил ветувањето дека ќе го повтори судењето со помош на ФБИ и ЦИА.

Во меѓувреме, Стојанче Ангелов преку реакција на социјалните мрежи истакна дека и по 7 години не се знае кој бил мотивот на групата и кој го инспирирал случајот. Градоначалникот на Куманово пак, Максим Димитриевски, наведе дека сè уште не се познати сценаристите на овој случај и оти одговорните продолжуваат да молчат. Движењето Беса потсети на протестот од 2016 година и на нивните барања за целосно расчистување на случајот „Дива населба“. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button