ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

АА за пуштањето на Мијалков: Денес криминалот, корупцијата и режимот се соединија

Судството контролирано од режимот СДСМ-ДУИ успеа да триумфира против правдата и граѓаните. Сашо Мијалков, главниот партнер на овој режим, со одлука од Апелациониот суд конечно е пуштен на слобода, стои во соопштението на Алијанса за Албанците по повод пуштањето на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков од притвор.

„Овој ден ќе се памети како најцрниот ден на правдата во земјата. Денес, криминалот, корупцијата и режимот се соединија за да го спасат од правдата нивниот кум, додека стотици граѓани се држат безправно по затворите. Денес, министерот и заменик министерот за неправда, Бојан Маричиќ и Агим Нухиу под итно треба да ги напуштат нивните позиции  и да му се придружат на нивниот пропаднат шеф, Зоран Заев.Ги уверуваме соучесниците во криминалот и челниците на овој режим дека многу брзо ќе дојде денот и ќе одговараат за секој криминал и неправда кон државата и нејзините граѓани“, велат од АА.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button