СПОРТФУДБАЛ

Адама Траоре и официјално дел од Барселона

Адама Траоре и официјално се врати во екипата на Барселона. Траоре беше промовиран во дресот на каталонскиот гигант со бр.11, во друштво на првиот човек на клубот, Хоан Лапорта. Интересен е фактот е дека се сликаше со дресот 145, што значи дека токму тој е 145 играч од Ла Масија кој дебитирал за првиот тим на Барса.

„Барселона бил мој дом. Возбуден сум што се вратив и подготвен сум да му помогнам на тимот,“ изјави Траоре на денешната промоција.

Траоре доаѓа на “Камп Ноу“ како позајмен играч од Вулверхемптон, до крајот на сезоната и ќе настапи за каталонскиот гигант за помала плата отколку имаше во англискиот клуб.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button