КОШАРКАСПОРТ

Адем Мекиќ е оптимист: Одиме на победа и на позитивен исход

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ е оптимист пред двата последни натпревара во претквалификациската фаза за Евробаскет 2025. Првата пречка е Словачка, потоа следи гостување кај Норвешка.

“Можеме да го повториме резултатот од Скопје со Словачка. На ова гостување дојдовме со перфектен скор, тука секако веќе ни припаѓа и улогата на фаворит. Атмосферата во тимот е одлична, ситуацијата е таква што ни треба победа на еден меч за да обезбедиме сигурно прво место и пласман во понатамошната фаза. Тренираме добро, немавме голем период да се подготвиме, меѓутоа повеќето играчи се знаеме, тука е и Ти-Џеј Шортс кој е огромно засилување за нас, тоа го покажа претходно. Одиме на победа и на позитивен исход, кој ќе ни ја донесе следната фаза,” изјави Мекиќ.

Натпреварот ќе се игра вечер од 18 часот, во Левице. „Црвено-жолтите“ досега имаат максимални четири победи во Д-групата./MИА

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button